Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

5 Начини Како да се Справите со Манипулаторите

Манипулаторите  се луѓе кои се движат во светот со најлошите намери што можат да се замислат. Тие размислуваат само за себеси, имаат многу мал интерес за работи од кои немаат корист, уништуваат различни односи со цел да го добијат токму она што го сакаат.

Ако сте во ужасна ситуација со манипулатор, тогаш можеби ќе сакате да прочитате за овие пет совети,  за тоа како можете да ги оддалечите од вас. На никој не му  требаат непотребни  конфликти во нивните животи, особено од некој кој намерно уништува  други за своите себични цели.


1. Доверба

Манипулаторите ги пленат  оние  луѓе кои имаат ниска самодоверба и се хранат со неа постојано, како да е некој вид на дрога. Ако се претставите на многу сигурен начин, да застанете  за она што мислите дека е во право, и им кажете дека сте личност со вредност, тогаш тие ќе видат  дека не можат да ве убедат. Тие можат  да бидат упорни, на моменти, но ќе мора да бидете цврсти и да му укажете дека нема да дозволите некој како него да ви го промени мислењето.


2. Еластичност

Мора да бидете еластично лице кое се расправа со манипулатор. Тие ќе пробаат да извлечат информации од вас  за да видат како се чувствувате или мислите за некои работи, а потоа ќе се обидат да ве убедат да ги правите работите како што тие сакаат. Тие го прават тоа со надеж дека нема да се чувствувате лошо за нешто, се за да ја добијат довербата и лојалноста кај вас во тој момент. Не им давајте шанса да ви се пикнат под кожата. Мора да биде отпорни на она што тие велат за вас, а да не ги исполните нивните желби или лаги.


3. Моќта на зборот “НЕ”

Во оние моменти кога ќе се најдете со манипулатор, секогаш мора да се каже “НЕ”. Може да кажете “не” на кого сакате, кога сакате и не постои ништо што може да ве спречи во тоа. Наместо да се расправате со нив за во врска со она што тие ве тераат да го направите, може да им каже во било кој  тон  “НЕ”. Не е многу моќен збор и ако тие не ве слушаат, контактирајте ги властите веднаш, ако работите отидат премногу далеку, односно  надвор од контрола.


4. Треба да знаете што е правилно, а што погрешно

Манипулаторите ќе сторат сé што е во нивна моќ за да ве убедат во лажното мислење кое го имате. Тие ќе се обидат да ви приредат оголема сцена и да ви кажат дека вашиот живот е во опасност или дека не сте емотивно стабилни. Ова го прават со цел да одите по нивна волја. Не им  дозволувајте да ви кажуваат како да се чувствувате, бидејќи не постои друга личност на планетата што знае како се чувствува подобро од себе си. Тие немаат власт над вас или вашите подвизи,  кажете им  како се чувствувате, а потоа отстранете  се себе си од нивното присуство.


5. Краен начин
Ако и тоа не успеа и тие се уште се упорни во исполнувањето на целите на нивен начин, едноставно кажете им: ” не ме навредувај, заврши ги тие работи сам”. Со самото тоа што ќе им го кажете им докажувате дека тие не се во контрола. Вие сте оној кој поставува барања од нив и ако тие не се согласуваат со тоа, треба да правилно да одлучите, дали тие личности се толку вредни за вие и понатека да се расправате со нив.


Се надевам дека ова ти помогна во тоа како да се справите  со манипулаторите.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...