Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

5 Хорор Филмови Кои се Забранети За Јавноста

Во почетокот на 1980 година, Националната асоцијација (NVALA), организацијата  на семејните вредности и медиуми, започнале кампања за забрана и гонење на филмови со графичко насилство и сексуална содржина.

Во 1983 година е направено  листа на 72 филма  кои се сметаат за непристојни за  очите и ушите на децата. 39 од филмовите се успешно прогонети  според обвиненијата дека се непристојни. До крајот на векот, листата станала застарена, а од 2001 година, голем број на забранети или цензурирани филмови биле издадени без исечени сцени, на VHS, DVD и / или Blu-ray.

5 од 72 филма кои се многу интересни и вредат да се погледнат…

1. Let Sleeping Corpses Lie (1974)
Сопственикот на античката продавница, Џорџ, зима слободно време за да работи на својот нов дом во Англија. За време на патувањето, неговиот мотоцикл е оштетен од автомобилот кој е  во сопственост на Една, која му предложува да го пренесе до  неговиот дом, додека таа оди да ка посети својата сестра Кејти која е зависник од хероин. Повеќе компликации се јавуваат кога Џорџ е накратко одделен од Една, нападнат од непознат човек, кој брзо исчезнува. Додека Кејти се бори со својот сопруг Мартин, кој оди на еден водопад да се земе слики, но е убиен од страна на мистериозен човек. Кога Џорџ и Една пристигнале во куќата на Кејти, била исплашена. Тие  ја известуваат полицијата за  убиството. Полицајците веруваат дека потресената жена била виновна за тоа, но подоцна се сомневаат во сатанскиот култ, дека тој е одговорен за осакатувањето, но во реалноста тоа биле ултра-магнетни бранови кои се користеле од страна на Министерството за земјоделство за да го убие инсектите.

2. The Witch Who Came from The Sea (1976)
Моли (Millie Perkins) е вознемирена келнерка во еден  крајбрежен бар, која била  жртва на сексуално малтретирање од страна на нејзиниот татко кој бил морнар. Верувала дека нејзиниот татко бил во морето и бил храбар човек. Таа развила опсесија кон високи, градени  мажи и жилети, тогаш запаѓа во свет полн со  фантазии и кошмари, предизвикани од телевизиските реклами. На крајот,  Моли започнува  со сексуално убиствено  дивеење кон спортските  херои и други познати личности.

3. I Spit on Your Grave (1978)
Писател од Менхетен, Џенифер Хилс (Camille Keaton) изнајмува изолирана куќа во село за да работи на својата прва книга. По пристигнувањето во истиот град, нејзиниот изглед го привлекува вниманието на четири локални мажи. Таа ги има потребните  прехранбени производи доставени од страна на човек кој е  благо ментално хендикепиран, кој подоцна им кажува на неговите пријатели дека Џенифер шета во проѕирна облека. Двајца од нив ја заобиколуваат нејзината куќа и следниот ден, сите од нив брутално ја силуваат и ја оставиле да умре. Како што таа се опоравува, почнува да таа крои план и да бара одмазда и ги осакатува сите четворица.

4. Antropophagus (1980)
Двајца германски патници се ранети од некое суштество од површината на Океанот на грчките острови. По кратко време, кога шестте патници планирале да едрат,  Џули, не сакала да патува , заради мрачното гледање на карти. Кога ќе пристигнат, петорицата одлучуваат да истражуваат,  додека бремената Меги, бидејќи била повредена останува со морнарот. Кога откриваат дека градот е во хаос и дека имало изгниени канибалистички трупови закопани во куќата, тие се враќаат на бродот, кој е препуштен на судбината, а Меги била исчезна. Без други опции, тие се враќаат во куќата која ја поседувале некои пријатели на Џули.

5. Absurd (1981)
Микос (Џорџ Истман) е грчки државјанин со лековита моќ, но доведен до лудило од страна на црквата. Тој бил влечен  од еден свештеник кој не го почитувал. Сепак,  Микос опоравува во болница, бега и се оди да убива. Свештеникот ги информира властите дека единствениот начин да го порази чудовиштето е да се уништи мозокот. Во меѓувреме, Микос е погоден од возачот, г-дин Бенет, кој е на пат со неговата сопруга за да го гледа фудбалскиот натпревар во куќата на еден пријател. Чудовиштето открива каде е куќата на семејството Бенет и продолжува да ги осакатува сите таму.

Како што напоменавме, има доста други филмови кои се забранети. Доколку сакате да ги видите, би ви ги предложила: “Possession” (1981), “Bloody Moon” (1981), “House by The Cemetery” (1981), “Unhinged” (1982),”Tenebre” (1982).

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...