Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

3 Нешта Кои Треба Да Ги Запомните Кога Се Соочувате Со Емоционален Стрес

Неможеме да знаеме што може да ни се случи во нашиот испревртен живот. Но можеме да одлучиме што ќе се случи во нас-како ќе го поднесеме, што ќе направиме со него,и тоа е тоа што е најважно на крајот.
Кога пристигнал моменталниот шок како резултат на некој настан, емоционалниот стрес како да чека да дојде правиот момент за да не нападне и да не скрши.

Низ годините јас лично прифатив дека емоционалната болка доаѓа и си оди. Сега гледам дека колку што повеќе ја прифаќам како дел од живото, толку повеќе можам да се справам со неа мирно кога брановите на тага ќе удрат на моето срце.

Ова се моите 3 правила како полесно да се справите со емоциите и болката која доаѓа од нив.

1. Мемориите неможат да те повредат.

Откако ни се случило нешто трагично, можно е да реагираме на мемориите со страв, паника, или длабока трага. Природно сакаме да ги тргнеме тие мисли најбргу што е можно или да се деконцентрираме со билошто друго само за да го тргнеме тоа од ум. Како и да е, што повеќе ги тргаме на страна негативните мисли, тоа подолго тие ќе бидат тука околу нас и никогаш нема да доживееме емоционална слобода.
Се случило, неможе пак да те повреди и не е веќе во сегашноста. Понекогаш треба да се прошеташ низ тие
негативни мисли за да си дадеш на себе сигурност дека се е океј сега во моментот и дека тоа поминало.

2. Секоја емоција е привремена.

Сфаќајте ги емоциите како бранови. Некогаш можете да ги видите како доаѓаат, некогаш ќе ве изненадат. Некои се поголеми од други,како и да е,тие доаѓаат и си одат.
Се е привремено и ќе помине или ќе се смени во друга емоционална состојба. Но не очекувајте дека некогаш на вашите емоции ќе им дојде крајот. Сепак, тоа е тоа што не двои нас луѓето од останатите.

3. Не е страшно ако си дадете “Тајм аут” себеси од чувствата и негативните мисли.

Иако нашите емоции се транзистни состојби, понекогаш ни треба привремено да ги избегнеме негативните мисли и чувства за да поминеме преку нешто специфично. Посилни сме отколку што мислиме. Неверојатно е тоа дека имаме сила да се справиме со емоционалниот стрес така што едноставно ја прифаќаме неговата присутност и си даваме себеси дозвола да ги чувствуваме нашите чувства. На крајот на денот, овие недобредојдени моменти ни даваат богато емоционално искуство бидејќи не би можеле да ја почитуваме среќата ако не постоеле моменти на тага со кои ќе ја споредиме. Ова не значи дека треба да чекаме повеќе тага, туку да ја запомнеме поговорката “Нема дожд,нема виножита”.

 

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...