Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

10 Убијци Кои Може Да Ги Најдете Во Вашиот Двор

Некои се прекрасни, некои имаат преубаво атрактивни цветови, но и покрај убавината, некои растенија можат да ви предизвикаат главоболки, гушење, па дури и да ве убијат. Најголем дел од растенијата се безопасни, имаат лековити својства, се употребуваат во козметичките производи, но има и такви околу кои треба особена претпазливост. Некои можеби ги одгледувате и во вашиот двор.

10. Хортензија

Овие бушави грмушки се многу популарни украси и се одгледуваат во многу градини. Кога се целосно расцветени, со примамлива розова нијанса, изгледаат како топки шеќерна волна. Ако ги изедете овие цветови, сигурно ќе имате болки во стомакот кои почнуваат неколку часа по јадењето. Другите симптоми се чешање, повраќање, слабост, па дури и кома.

9. Момина солза

Мили, наведнати цветчиња, но целосно отровни – од коренот па се од врвовите и прекрасните и нежни бели цветови. Ако случајно изедете дел од ова растение, ќе почувствувате гадење, повраќање, болки, грчеви и намалена работа на срцето.

8. Антуриум

Ова интересно и декоративно цвеќе, кое расте во тропските шуми има помалку бизарен изглед, со темно зелени листови и интересни сплескани јако црвени цветови. Но ако го изедете, ќе почувствувате остро чувство на горење во устата и отекување на грлото.

7. Хризантема

Постојат околу 200 видови на хризантеми, кои се многу популарни и често се дел од многу букети. Се одгледуваат во градините, особено за да ги бркаат зајаците. Погодувате зошто? Цветовите се отровни, допирањето може да ви предизвика чешање и отоци, па дури и сериозна алергиска реакција.

6. Фикус

Постојат многу видови на фикуси, и многу различни имиња. На сликата е прикажан фикус бенџамин, што го има во многу домови како декоративно растение. Но неговите листови и дрвото лачат млечен сок кој предизвикува чешање, отоци и алергии.

5. Нарцис

Веселите пролетни жолти цветови, задолжителни во секоја градина, всушност содржат токсични материи во корените и цветовите. Може да се случи случајно да се изедат корените од нарцисот, бидејќи личат на кромид. Несреќниците кои ќе изедат нарцис доживуваат вртење, повраќање, грчеви и пролив.

4. Пелин

Ова е многу интересно диво растение, има интересни долгнавести листови и мали бели цветчиња. Целото растение е отровно, но најголем дел е концентриран во коренот. Бидејќи коренот е многу сличен со пашканат, може да настапи забуна. Ако некој несреќник само го лизне коренот, настапуваат сериозни проблеми. Токсинот кој се содржи во пелинот предизвикува силни и болни грчења, повраќање и мускулни тикови. Оној што ќе преживее труење од пелин останува со доживотни здравствени проблеми, како амнезија.

3. Беладона, див тутун

Ова растение често се наоѓа по нивите и меѓите, а има препознатливи листови со темно зелена боја и бели цветови со силен мирис, а по прецветувањето има интересни црни бобинки. Но целото растение содржи јаки отрови, меѓу кои најсилен е атропинот. Ако се изедат доволно бобинки, отровот делува брзо напаѓајќи го нервниот систем и го парализира телото. Името беладона значи „убава дама“, а ова растение било користено многу одамна за труење на кралеви и благородници.

2. Рицинус

Ова е многу популарно растение, се одгледува за семките и од него се прави интересно масло. Исто така се одгледува и како декоративно растение. Но, и покрај интересните одлики, тоа содржи многу силен отров – рицин. Отровот е многу концентриран во семките, ако се проголтаат повеќе семки наеднаш, се доживува гадење, повраќање, внатрешно крвавење, откажување на бубрезите, и смрт.

1. Олеандер

Расте во речиси сите дворови, низ градовите како декоративно растение, но се смета за едно од најотровните растенија на светот. Ова растение е многу атрактивно бидејќи спречува ерозија, расте брзо, има декоративни разнобојни цветови и не го напаѓаат животни. Има и зошто. Сите делови содржат отрови, и тоа неколку различни видови отрови. Отровите се толку силни, што човек може да се отруе ако јаде мед кој го собрале пчелите од нектарот на олеандерот. Толку е отровен, што ако човек изеде само еден лист од олеандер, ќе почувствува пролив, повраќање, силни болки, вртење, неправилна работа на срцето што често завршува со смрт.

Share this Story
  • deadly fruit
    Едукативно

    10 Убијци Кои Може Да Ги Најдете Во Вашиот Двор

    Некои се прекрасни, некои имаат преубаво атрактивни цветови, но и покрај убавината, некои растенија можат да ви предизвикаат главоболки, гушење, па ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...