Responsive Leaderboard AD Area
Општо

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА – 10 годишно дете помни специфични детали од неговиот претходен живот

Без разлика кои се вашите верувања околу тоа што се случува после смртта, оваа приказна дефинитивно ќе ве натера да се запрашате себеси.

Се започнало кога Рајан имал само 4 години. Тој доста често се будел во ноќта поради страшни кошмари и необични визии. Кога Рајан наполнил 5 години, тој решил да дискутира со неговата мајка околу тоа што се случува со него.

 “Мамо, морам да ти кажам нешто… Јас сум бил некоја сосема друга личност”. Вака започнала дискусијата помеѓу Рајан и неговата мајка.

Тој постојано зборел за тоа како сакал да се врати дома во Холивуд, дури и претерано ја преколнувал мајка си да го одведе таму. Постојано детално раскажувал ситуации каде што тој се запознавал со популарни ѕвезди меѓу кои ја споменал и Рита Хајворт. Раскажувал и за тоа како тој работел за некоја агенција каде што се доделувале уметнички имиња на познатите. Рајан дури се сеќавал дека улицата на која што “живеел” го содржела зборот “Rox“.

Неговите приказни беа толку добро детализирани од негова страна, за кои не би рекла дека може дете да ги измисли”.

Синди, неговата мајка, вели дека никогаш не верувала во реинкарнација поради нејзината религија. Загрижена дека луѓето би мислеле дека Рајан е луд, таа решила да ги зачува сите овие приказни како тајна, дури и од сопствениот сопруг. Незнаејќи од каде да почне со истражување, таа се упатила во локална библиотека каде што нашла неколку книги за Холивуд, надевајќи се дека ќе ја разреши ситуацијата во која се наоѓал Рајан.

 “И тогаш најдовме слика која промени се. Мамо, мамо! Тој е човекот, тој сум јас!”

2d274908007307-reincarnation-jw1-0014-streams_desktop_large_a68a30780c6a036d85081affdc9867d4.today-inline-large

Конечно, неговата мајка решила да побара помош од професионалец во оваа област. Таа се обратила кај Др.Џим Такер, кој се занимавал со истражување на случаеви слични со на Рајан. Такер вели дека на овие случаеви е потребно добро истражување и објаснување, и дека неможеме туку-така само да ги запишеме или раскажеме некому како сосем нормална приказна.

После неколку недели, Рајан и неговото семејство отишле кај архивист на филмовите од Холивуд. Тие објасниле, и архивистот веднаш им ја поклонил информацијата околу името на филмот, и актерот во кој Рајан се гледал себе. Името на филмот било “Night After Night“, а актерот Марти Мартин. Филмот бил сниман во 1930-тите години, а Марти починал 1964.

 

 

 

 

 

 

Детали кои Рајан ги раскажувал, и се потврдени како вистинити од страна на Др.Такер:

  • Мартин танцувал во Broadway Productions
  • Работел во агенција каде уметничките имиња биле измислувани и доделувани
  • Патувал преку мориња до Париз
  • Живеел на 825 North Roxbury Drive, во Beverly Hills
  • Ќерката на Мартин незнаела воопшто дека тој имал 2 сестри, додека пак Рајан го потврдил тоа.

Ова се неколку од 55-те факти кои Рајан ги помни. Сега, како што тој расте и создава свои мемории, вели дека мемориите од претходниот живот полека згаснуваат, но сепак е среќен што го искусил тоа, и дека сега може да продолжи со својот живот како и сите останати деца.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Stefan
Load More In Општо

Facebook Comments

Check Also

Што да направите кога ќе заборавите да нанесете дезодоранс?

Во утринското брзање за на работа, училиште, факултет ...