Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали е возможно да се одржи во живот мозок кој е надвор од своето тело?

Сигурно досега сте налетале на серија или филм, во кои има луд научник кој чува мозоци во тегла. Сето тоа можеби изгледа морбидно, но тука следи прашањето дали тоа е всушност возможно?

Прашање: Не е необично да се забележи “мозок во тегла” во филмовите и ТВ сериите, но дали е всушност возможно да се одржи во живот истиот со модерната технологија? 

 Одговор: Секако деа е возможно да се одржи во живот мозок кој е надвор од сопственото тело, но не за долго. Поради етички и практични причини, поголем број од научниците стојат подалеку од овие експерименти.

Brain in jar

Првично, во раните 1990-ти години, научниците успеале да го извршат овој експеримент на мозок од цицач, но тоа траело само 8 часа. Малку подоцна, научниците решиле да тестираат и на мозок од свиња, бидејќи е поголем и полесен за работа одколку на глувците. Но овие европски студи во главно биле направени за да се запознае мозокот од што е можно повеќе аспекти, а не за да се утврди колку долго тој може да преживее.

Во 2015, научниците со хемиски процеси успеале да одржат мозок во живот, со тоа што ги сочувале нервните кола на мозок од глушец, со кој се заштитени молекулите и протеините во него и со замена на мозочната вода со пластика. Со овој експеримент, мозокот може да преживее се додека не се завршат сите истражувања околу него, и се додека не се креира тело во кое ќе може тој да биде всаден.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Stefan
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...