Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е внимание, Како функционира вниманието и Дали вие го контролирате вашето внимание?


Внимание е концепт изучуван од когнитивната психологија, која се однесува на тоа како ние активно обработуваме специфични информации, кои се случуваат во нашата околина/близина. Како што го читате ова, постојат бројни слики, звуци и чувства кои се случуваат околу вас – притисокот на нозете од подот, макара топлината на вашата маица, сеќавањето на разговорот што сте имале претходно со некого.

Како успеваме да ги доживееме сите овие чувства и сè уште да се фокусираме на само еден елемент од нашата средина?

Според психологот и филозоф Вилијам Џејмс, „Внимание е стекнување на контрола врз умот, во јасна и живописна форма, една од можеби неколку стотици мисли, кои поминуваат како возови низ мозокот … Тоа значи откажување од некои работи, со цел да се справи ефективно со другите. “


Тестирајте го вашето знаење

Мислете на внимание како еден фломастер. Како што читате еден дел од текстот во книгата, осветлениот дел се издвојува, и тоа предизвикува да се фокусира вашиот интерес во таа област. Внимание ви овозможува да “регулирате” информации, сензации и доживувања кои не се релевантни во моментот и наместо на нив ја фокусирате својата енергија на информациите кои се важни.

внимание

Не само што нашиот внимателен систем ни овозможува да се фокусираме на нешто посебно во нашата средина при регистрирање и на неважните детали, тоа, исто така, влијае и на нашата перцепција на дразби кои не опкружуваат. Во некои случаеви, нашето внимание би можело да се фокусира на одредена работа, што предизвикува да ги игнорираме другите нешта. Во некои случаи, го фокусираме нашето внимание на примарна цел, која може да резултира со целосно не регистрирање на остантатите цели/работи.


Некои клучни работи кои треба да ги запаметите:

Вниманието е ограничено – Постојат, многу истражувања кои се насочени кон одговарање на прашања како што се, на колку работи можеме да се фокусираме и колку долго. Истражувачите откриле дека клучните варијабли кои влијаат врз нашата способност, да се остане на една задача вклучуваат, колку сме заинтересирани и колку работи ни го одвлекуваат вниманието.

Студиите покажале дека вниманието е ограничено во однос на капацитетот и времетраењето.

Вниманието е селективно – Бидејќи вниманието е ограничен ресурс, ние треба да избираме и да одлучиме на што да се фокусираме. Не само што треба да го фокусираме нашето внимание на специфично нешто во нашата средина, ние, исто така, треба да ги исфилтрираме останатите непотребни и небитни нешта во кои се случуваат во моментот. Ние, мораме да бидеме селективни за она во што ќе го насочиме нашето внимание, процес кој често се случува толку брзо, што ние дури не ни забалажуваме дека игнорираме одредени стимули во корист на другите.

Вниманието е основен дел од когнитивниот систем – Вниманието е основна компонента на нашата биологија, присутно дури и за време на раѓањето. Нашите ориентирачки рефлекси ни помагаат да утврдиме на кои настани во нашата средина треба да им посветиме внимание, процес кој помага во нашата способност да преживееме. Кај новороденчињата, присуствува стимулот на животната средина, како што се гласните звуци. А, допирот на образот го вклучува вродениот рефлекс, предизвикувајќи го новороденчето да ја преврти својата глава кон медицинската сестра, со цел да прими храна.


Ориентирачките рефлекси, продолжуваат да се користат во текот на животот. Свирежот на сирена од кола ни алармира дека има кола која се проближува. Бучавата од против пожарен аларм може да ве предупреди дека сте заборавиле нешто и предизвикало пожар. Сите овие стимули ни го дофаќаат вниманието и не поттикнуваат да и одговориме на нашата животна средина.


Еве интерено видео, во кое кратко е објаснето како всушност функционира вашето внимание и, исто така, има интересни тестови кои сум сигурен дека ќе ве зачудат:

[xyz-ihs snippet=”m1″]
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...