Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е тоа нешто што ќе ве убие, а не е терорист на ИСИС?


Ние, сите знаеме дека треба да бидеме повеќе активни, но сега има и повеќе докази дека не само што треба да сме по активни, туку и да престанеме да седиме толку многу. Истражувањата сугерираат дека, ако седите премногу долго е лошо за вашето здравје, без оглед на тоа колку вежбате. Истражувањата, исто така, го поврзуваат седењето со дебелината, тип 2 диабетис, некои видови на рак и прерана смрт!

Предолгото седење се смета дека го забавува вашиот метаболизам, што влијае на способноста на телото да го регулира шеќерот во крвта, крвниот притисок и горењето на вишокот телесни масти. Многу возрасни, низ светот, поминуваат повеќе од 7 саати во седење или лежење, и ова типично се зголемува на 10 часа и повеќе.

Ова вклучува – гледање телевизија, користење компјутер, читање, возењето со кола, автобус, воз или авион, но не го вклучуваат спиењето, тоа е посебна фаза на телото која му е потребна. Експертите веруваат дека има нешто посебно во врска со чинот на седење или лежење премногу долго, што е лошо за нашето здравје.

Едно од најголемото истражување што е направено на оваа тема-вклучуваjќи речиси 800.000 луѓе – покажа дека, во спротива со луѓето кој се по активни од луѓето кои седат долг временски период, тие, си го нарушуваат своето здравје на следниве начини:

  • 112% зголемување на ризикот од  дијабетес.
  • 147% зголемување на кардиоваскуларни настани.
  • 90% зголемување на смртни случаи предизвикани од кардиоваскуларни настани.
  • 49% зголемување на смрт од било која причина.

 

Колку седење е ПРЕМНОГУ седење?

Овој совет е јасен: За да го намалиме ризикот од заболување и влошување на нашето здравје, се препорачува да вежбаме или да сме активни редовно-најмалку 150 минути неделно-како и намалување на времето кое го поминуваме во седење или лежење.

Сепак, во моментов, нема доволно докази за да се постави временски лимит на тоа колку време треба максимум да поминеме во седење.

Професор Давид Дунстан од Baker IDI Heart и Институтот за дијабетес во Мелбурн, Австралија:

“Во моментов, не знаеме дали еден временски период би им одговарал на сите.”

“На пример, не е јасно дали советот за некој кој е со прекумерна тежина, може да е ист со некој кој што е послаб и фит.”

Сепак, некои земји, како што се Австралија, САД и Финска, направија препораки за колку време треба децата да седат, тоа е обично 1-2 часа на ден.

pozicija

Како изгледате кога стоите, наспроти кога седите

Без разлика од овие совети, секој треба да е самиот свесен дека во овој век на компјутерска технологија, поголемиот дел од луѓето поминуваат по отприлика 3-4 саати седејќи пред нивните компјутери. Ова, не можеме да го избегнеме, сите имаме обврски кој мора да ги исполнуваме и не се грижиме за нашето здравје, се додека тоа не се влоши.

Како по правилно да седете

Како треба и како не треба да се позиционирате додека седите.

Но, најбитно е да сме свесни за ова, и покрај тоа што поминуваме толкав временски период пред компјутерите или седејќи на нашите работни места, да ги искористуваме сите прилики во кои можеме да станеме и едноставно да се движиме, макар тоа било да отидете до тоалет да си ги измиете рацете или да си наполните кафе. Логична препорака е да гледате барем на секој пола саат-саат да станете од вашето место и едноставно една минута да стоите и да се обидете да се растегнете.

Еве интересно видео, во кое малку по детално е објаснето и илустрирано сето ова:

[xyz-ihs snippet=”s1″]
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...