Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е CSS


Можеби веќе сте слушнале за CSS без да знаете нешто повеќе за него. CSS е акроним за Cascading Style Sheets.
CSS е тип на јазик кој го дефинира изгледот на HTML документите. Пример, CSS го покрива фондот, бојата, растојанието, висината, ширината, позадината, сликите и многу други работи.

HTML може да се користи за да ги поставите столбовите и да го направите нацртот на веб страната. Но, CSS нуди повеќе можности кои се попрецизни и пософистицирани. Денес, CSS е поддржан од страна на сите веб пребарувачи.


Како функционира CSS?

CSS ги надминува стандардните поставувања на прелистувачот за толкување на тоа како ќе бидат прикажани таговите, допуштајќи да се користи било кој HTML елемент означени со отворање и затворање на таг (вклучувајќи <p> таг) за да се аплицираат атрибутите на стилот дефинирани локално или во еден интерфејс/распоред.

Интерфејсот/распоредот содржи правила, составени од селектори и декларации со кој се дефинира како ќе се применува стилот. Селекторите (најчесто се работи за HTML елементот, класа име, или ID име) е линкот помеѓу HTML документот и стилот. Има два вида на селектори: типови (HTML елемент тагови) и атрибути (како што се ID и класни имиња)

Декларацијата на CSS-от има два дела:

имот (“боја”) и вредност (“плава”);

1 a property ("color") and a value ("red").

Основната синтакса на некое правило:

селектор {имот 1: вредност 1; имот 2: вредност 2}

1 selector {property 1:value 1; property 2:value 2}

Пример (кои содржи две декларации, како погоре):

П {големина-на-фонт:8pt; боја:црвена}

1 P {font-size:8pt; color:red}

На CSS, не му сметаат празни места, linebreaks или екстра, полу-запирки, со цел да ги направиме полесни за читање некој комплекси CSS фајлови можеме да си дозволиме да ги разделуваме вака:

1 P {
2    font-size: 8pt;
3    color: red;
4 }

Покрај тоа, може да се применуваат истите стилски правила за повеќе од еден елемент истовремено одвојуваќи ги со точка-запирка ( ; , : ) измеѓу:

1 H1, H2, H3 {
2    font-size: 8pt;
3    color: red;
4 }

 


Која е разликата помеѓу CSS и HTML?

HTML се користи за структурните работи. CSS се користи за да се измени/форматира структурната содржина.  Звучи малку технички и збунувачки, но не е толку комплицирано колку што мислите. За да разберете како функционира, не ви треба ништо повеќе од 5-10 минути.

Порано, кога Мадона сè уште била дете и кога човекот по име Тим Барнерс го измислил WWW (World Wide Web) јазикот, HTML се користел за да се структрираат веб страните. Авторот можел да го маркира својот текст со додавање на фрази како што се „Ова е насловот” или „Ова се параграфи” со користење на HTML тагови како што се <h1> и <p>.

Како што интернетот добил популарност, дизајнерите почнале да бараат можности за да додадат распоред и стил на сајтовите. За да можело ова да се оствари, креаторите на веб пребарувачите (во тоа време Netscape и Microsoft) измислиле нови HTML тагови, како што биле <font> кој се разликувал од оргиналните HTML тагови поради различниот распоред, и новата структура.

Ова довело до ситуација каде што оргиналните структурни тагови, како што биле <table> се користеле погрешно од страна на распоредот на страната, наместо од структурата на текстот. Исто така, многу од новите тагови, како што биле <blink> биле подржувани само од еден вид на веб пребарувачи. Ова ретко го има денес, но ако ви искочи порака во стилот дека ви треба одреден веб пребарувач (пример Google Chrome) за да ја отворите страната, епа истот се случувало и порано само за многу повеќе сајтови.

CSS бил измислен за да се разреши оваа ситуација и овозможување на веб дизајнерите да имаат можност да и дадат некаков стил на нивната веб страна, кој би бил подржан од сите веб пребарувачи. Во исто време, одвојување на стилот на документите од содржинските документи овозможува сајтот да биде полесен за одржување.


 

Пред да почнете повеќе да се интересирате за CSS треба да знаете првин HTML, логично…

Како изгледа CSS:

како изгледа css

како изгледа css

Share this Story
  • Едукативно

    Што е CSS

    Можеби веќе сте слушнале за CSS без да знаете нешто повеќе за него. CSS е акроним за Cascading Style Sheets. CSS е тип ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...