Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е Скиентологија?

Скиентологијата е збир на религиозни верувања создадена од страна на Рон Хабард, писател на научна фантастика. Хабард, во 1950 напишал книга за самопомош, во која го пишувал истражувањето на односот помеѓу телото и умот, кое се нарекува Дијанетика. Во 1952 година, тој се прославил со успехот на дијанетиката преку создавање на скиентологијата. Во 1953 година Хабард  ја формирал црквата на скиентологијата.

Хабард ја одржувал водечката улога во црквата на скиентологијата, се до неговата смрт во 1986 година – дури и во периоди тој се наоѓал во бегство, поради контроверзии и правни дејства против изградба на црква.

Скиентологистите веруваат дека луѓето се бесмртни вонземјански суштества (наречен thetans), кои ја заборавиле нивната вистинска природа и се заглавени на Земјата во човечко тело. Скиентологистите веруваат дека секој thetan живеел многу минати животи на Земјата во неговото физичко тело, како и на други планети. Скиентологистите, исто така, сметаат дека со процесни часови и учења (наречени ревизии од страна на црквата), луѓето можат да се ослободат од нивниот човечки облик и да успеат да се вратат во нивната вистинска форма.

scientology

Црквата на скиентологијата (позната како “Биг Блу”) Fountain Avenue и L. Ron Hubbard Way во Лос Анџелес, Калифорнија

Многу од часовите се структурирани да им помогнат на луѓето да се ослободат од болни или трауматски настани од нивното минато, со цел да се ослободат од сите оптоварувања. Овие курсеви (ревизии) и наставни материјали се достапни за скиентологистите, во замена за парични донации (овие курсеви не се евтини).

Со земање на сите часови што црквата на скиентологија ги нуди, скиентологистите веруваат дека тие ќе се во можност да се вратат во нивната вистинска форма, thetan и да се доближат до Бога (или врховното битие). Исто така, веруваат дека ако ги земат сите часови тие ќе отклучат способности за да можат да го контролираат животот, материјата, енергијата, просторот и времето, кои биле потиснати поради тоа што се во човечки облик.

Црквата на скиентологијата е правно призната како религија (со ослободување од надоместоци) во осум земји, вклучувајќи ги САД и Австралија. Многу други земји (вклучувајќи ги Канада, Велика Британија, Франција и Германија) одбиваат да дадат официјален скиентолошки верски статус.

Скиентологијата е една од најконтроверзните верски движења на нашето време. Многу луѓе во светот ја критикуваат оваа религија како ништо повеќе од секта која им го пере мозокот на нивните членови, а потоа им ги краде парите за некој бесмислени идиотски “часови/учења”. Критичарите ја напаѓаат оваа црква поради нивното негирање на психијатријата, и многу луѓе имаат проблем со црковните “информативни центри”, објекти, кои технички се отворени за јавноста, но првенствено им служат само на најпознатите скиентологисти, кои се угледни уметници, артисти, спортисти и политичари. (Том Круз, Исак Хејс и Ненси Картрајт).

Извештаите од некои кои ја напуштиле црквата на скиентологијата сè уште во тајност и вклучуваат приказни на членови на црквата, кои биле заробени со години против своја волја во “рехабилитациони кампови” поради кршење на одредени политики на црквата, или испраќање на членови од црквата да буричкаат низ ѓубрето на критичарите кои ја критикувале црквата со цел да пронајдат материјал, со кој би можеле да ги уценуваат и да ги заќутат. Во 1979 година, неколку членови на скиентологијата беа осудени за учество во најголемата кражба на владини документи во историјата на САД. Скиентологистите, исто така, се обвинети за заканување на сведоци во судски предмети, па дури и за убиство.

Во одговор на овие обвинувања, скиентологистите наведуваат дека нивната религија е вистинска, и дека движењето е нарушено, и дека тие се прогонувани.


Познати скиентологисти:

John Travolta and Kelly Preston

John Travolta и Kelly Preston


Tom Cruise и Katie Holmes

Tom Cruise и Katie Holmes


Elisabeth Moss

Elisabeth Moss


Will Smith

Will Smith


Juliette Lewis

Juliette Lewis


Giovanni Ribisi

Giovanni Ribisi


И уште многу други… Би се зачудиле колку моќни и познати луѓе се членови на оваа црква… Но, во ни еден случај не го оправдувам ова верување. Не сум против, многу јасно дека секој има право да верува во што сака, но тоа што ми смета во оваа “вера” е тоа што им го перат мозокот на луѓето, па после им продаваат некои книги и видеа со лажна надеж…


Би ви препорачал да ја погледнете епизода 12 сезона 9 од South Park!

Погледнете во што веруваат овие луѓе:

[xyz-ihs snippet=”st1″]
[xyz-ihs snippet=”st2″]
[xyz-ihs snippet=”st3″]

 

Share this Story
  • Скиентологија насловна
    Едукативно

    Што е Скиентологија?

    Скиентологијата е збир на религиозни верувања создадена од страна на Рон Хабард, писател на научна фантастика. Хабард, во 1950 напишал книга ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...