Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е PHP и како функционира


PHP е скриптен јазик за општа намена, кој се користи во создавање на веб страници, исто така, може да биде вграден во HTML код. Кратенката PHP означува “Hypertext Preprocessor”, иако не си одговараат. Првично PHP бил кратенка за Personal Home Pages, но подоцна тоа било сменето.

Што е PHP?

PHP е програма со отворен код, што значи дека е достапен бесплатно на интернет за сите корисници. PHP, исто така, може да се користи на многу платформи, како што се Linux, многу верзии на Unix, Mac OS X и на Microsoft Windows. PHP е целосно програмерски јазик и може да се користи за функции, како што се серверските скрипти (со користење на веб сервер за да се исполни барањето на корисникот, со водење на скрипта директно на веб сервер за да се генерираат динамички, HTML страниците) или пишување/кодирање десктоп апликации.

Сепак, вистинската сила на PHP лежи во неговата способност за пристап до бази на податоци. PHP може да пристапи до повеќе од 20 различни бази на податоци (вклучувајќи MySQL), и може да се манипулира со информации во рамките на овие бази, врз основа на информациите од онлајн корисникот. PHP може да се користи и за продукција на слики, PDF датотеки, па дури и Flash филмови од вашиот вебсајт.

Постојат десетици, ако не и стотици, извори на интернет каде што може да се добие PHP скрипта, да се разговара за PHP заслуги, па дури и има бесплатни упатства за тоа како да го користите PHP.


Како функционира:

Најдобар начин за да се објасни како работи PHP, е споредувајќи го со стандардниот HTML. Замислете дека сте напишале адресата на HTML документ (пример http://www.mysite.com/page.htm) во адресната линија на прелистувачот. На овој начин, може да побарате една HTML страница. Тоа би можело да се илустрира вака:

lekcija-1

Како што можете да видите, серверот едноставно испраќа HTML датотека на клиентот. Но, ако го напишете http://www.mysite.com/page.php – со тоа да побарате PHP страница – серверот  ќе се стави на работа:

lekcija-2

Серверот, прво внимателно ја чита PHP датотеката, за да види дали има било какви задачи кои треба да се извршат. Само кога серверот има направено она што би требало да го направи, тогаш резултатот се испраќа до клиентот. Важно е да се разбере дека клиентот гледа само резултат од работата на серверот, а не и вистинските инструкции.

Ова значи дека, ако кликнете на “прегледај извор/ view source ” на PHP страница, вие не ги гледате PHP кодовите – само основните HTML тагови. Затоа, вие не може да видиете како PHP страница е направен со користење на “прегледај извор/view source“. Што значи дека треба да научите да го прегледувате PHP кодот на друг начин…

Вака изгледа PHP документ:

кликнете ја сликата за да ја видете поубаво

kako izglea php file


 

Share this Story
  • php
    Едукативно

    Што е PHP и како функционира

    PHP е скриптен јазик за општа намена, кој се користи во создавање на веб страници, исто така, може да биде вграден ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...