Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е MySQL и како функционира


SQL е најпопуларниот јазик за додавање, пристап и управување со содржина во вашата база. Тој е најмногу познат по својата брза обработка, докажана сигурност, лесен и флексибилен за користење. MySQL е суштински дел од речиси секоја отворена апликација со PHP код. Добри примери за PHP / MySQL базирани скрипти се phpBB, osCommerce и Joomla. Една од најважните работи за користење на MySQL е да се имаат специјализирани и добар MySQL хостинг/host.

Што е MySQL?

MySQL е слободно достапен систем со отворен код за управување, со релациона база на податоци (RDMBS), кои го користи Structured Query Language (SQL).


Како функционира MySQL?

MySQL софтверот содржи MySQL сервер, неколку корисни програми кои помагаат во администрација на MySQL базата на податоци, како и некој останати софтвери кој се подршка за MySQL серверот (но, немора да ги знаете). Срцето на системот е MySQL серверот!

MySQL серверот е менаџер на базата на системот на податоци. Тој, се справува со сите ваши барања кои ги упативате до серверот на базата на податоци. На пример, ако сакате да создадете нова база на податоци, можете да пратите порака на MySQL серверот која кажува дека, на пример, сакате „да се создаде нова база на податоци”, која сакате да ја наречете „нови податоци.”

This slideshow requires JavaScript.

MySQL серверот потоа создава поддиректориум/subdirectory во својата листа на податоци, под името “нови податоци” и потоа, ги создава сите потребни документи и ги става во соодветниот формат во новиот поддиректориум/subdirectory. На истиот начин, можете да додадете нови податоци со праќање на порака до MySQL серверот, давајќи му гу податоците и кажувајќи му каде сакате да ги додаде.

Пред да можете да му дадете инстукции на MySQL серверот, тој мора да работи и да чека нови барања/инструкции. Обично MySQL серверот започнува со работа кога започнува и компјутерот, но постојат сервери/компјутери кои работат 24/7. Ова е најчесто вообичаено поставување за еден веб-сајт кој е во функција 24/7, бидејќи е поврзан со MySQL и хостинг кои работи 24/7.

Сепак, тоа не мора да значи дека мора да започне MySQL-от со работа веднаш кога ќе започне и компјутерот. Ако е потребно можете да го стартувате самите/рачно, кога ќе ви биде потребно да и пристапите на базата на податоци. Кога работи, MySQL серверот постојано очекува нови пораки/инструкции/барања кои се насочени кон него.


 

Како изгледа MySQL код:

This slideshow requires JavaScript.


 

Share this Story
  • MySQL
    Едукативно

    Што е MySQL и како функционира

    SQL е најпопуларниот јазик за додавање, пристап и управување со содржина во вашата база. Тој е најмногу познат по својата брза ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...