Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што е JavaScript и како функционира?


JavaScript има кратка, но интересна историја зад себе. Првобитно развиена и направена од страна на Netscape, како Mocha, таа дошла првпат до израз официјално во 1995 година. Потоа, таа била развиена независно како посебен јазик и се одвоила од конкуренцијата која во тоа време била Jscript од страна на Microsoft.Но, очигледно стандардизирана имплементација била потребна, што довело до поднесување на официјално барање до ECMA. И така, настанала ECMAScript (JavaScript). Во тие денови, поголемиот дел од веб пребарувачи подржувале ECMA-262 или под друго име позната како, JavaScript.

Што е JavaScript?

JavaScript можеме слободно да го наречеме јазикот на вебот(web). Секоја нова верзија на некој веб пребарувач бара нова и понапредна верзија на JavaScript со цел да се зголеми брзината на веб пребарувањето и ефикасноста. Ова е многу важен параметар, бидејќи како што сајтовите секој ден се подобруваат и ги зголемуваат своите перформанси потребен им е JavaScript за да можат да го достигнат својот потенциал на најефикасен можен начин. JavaScript-от ја предводе Веб 2.0 револуцијата заедно со AJAX.  Користеќи JavaScript, страните се во можност да праќаат HTTP барања во позадина, додека работите, дури се во моќ да апдејтираат одредени секции од сајтот, прилагодени според потребите на корисниот. Ова го заменува целосно рефреширањето на сајтовите и го прави корисничниот интерфејс многу помоќен и полесен за корисниците.


Светот на JavaScript

Примерот со светот на JavaScript е речиси неизбежлив да се спомне кога се прави муабет за програмски јазик, како што е JavaScript.(Сето ова се пишува во програма како што е Notepad) Примерот изгледа вака:

<script>
document.write(“Hello, World!”);
</script>

Исто така, можете да направите pop-alert-box на многу лесен начин:

<script>
document.alert(“Hello, World!”);
</script>

 

popup

 

Да, тоа е сè што вие потребно. Нема никаква потреба да се вклучуваат останатите датотеки или други пакети. Се што треба за да се изврши JavaScript е обезбедено од страна на веб пребарувачите или клиентот, поради тоа и уште се нарекува Client Side Scripting Language. Зошто од страна на клиентот? За да го разберете тоа мора прво да разберете како работи JavaScript.


Како Работи JavaScript

Веб пребарувачот ја зима страната која има свој прикачен JavaScript или пак се префрла на различен JavaScript документ, кој во овој случај исто така, е превземен од страна на веб пребарувачот.

fetchjs

Потоа, во зависност од тоа што сакате вашиот JavaScript код да прави, и како ќе го структуирате, или ќе се пушти штом се лоадира страната или ќе чека да се активира на одреден знак/евент (пример како што е клик или оптоварување).

somecode

Конечно, кога сето тоа е добро, кодот ќе започне да се извршува линија по линија. JavaScript е препознаен јазик, што значи не морате да го претварате или да го собирате кодот во друга форма за да работи. Секоја промена што ќе ја направите веднаш стапува на сила (проработува).


 

Share this Story
  • Javascript
    Едукативно

    Што е JavaScript и како функционира?

    JavaScript има кратка, но интересна историја зад себе. Првобитно развиена и направена од страна на Netscape, како Mocha, таа дошла првпат ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...