Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Се што треба да знаете за Биткоинс/Bitcoins – – иднината на дигиталната валута!


Дали сте слушнале за Биткоин/Bitcoin, и дали знаете што всушност се Биткоинс/Bitcoins. Ако сте тргувале досега на интернет, големи се шансите веќе да знаете дека биткоинс се дигитална валута на пари, со кои можете да тргувате на интернет. Но, еве малку повеќе во врска со Биткоинс/Bitcoins. Ќе објаснеме што точно се биткоинс/bitcoin, како настанале, како се користат и зошто би можеле да бидат иднината на дигиталните валути.

 


Што е биткоин/bitcoin?

Тоа е веројатно најдобро позната дигитални валута. Основната идеја, е дека можете да ја користите за да платите за работи без трети лица како што се брокер,  банките или владаата. Замислете го Биткоин/Bitcoin како една голема книга, која ја споделуваат сите корисници. Кога ќе платете за нешто со Биткоин/Bitcoin, или ќе бидете платени, тогаш вашата трансакција се евидентира некаде во „системот”. Компјутерите тогаш се натпреваруваат меѓусебе за да ја потврдат трансакцијатата, со решавање на комплексни математички равенки, а победникот ќе биде награден со повеќе Биткоинс/Bitcoins. Овој процес е познат како „копање”, но немојте да мислете дека е тоа толку едноставно и лесно. Само моќните компјутери успеваат да добијат биткоинс/bitcoins на овој начин.

биткоин 1


Која е целта?

Валутата има популистички корени. Го имаше своето деби во релативна анонимност, во почетокот на 2009 година, кога финансиската криза сè уште беснееше. Идејата беше, да се преземе власта од рацете на централните банки и владите кои обично го контролираат протокот на валутите. Целта со биткоинс е да бидеме сите слободни и да не зависиме од централните банки за вредноста на валутите…

биткоин 2


Кој ја печати?

Никој. Оваа валута, не е физички печатена во позадина од страна на Централната банка, таа си прави свои правила и не одговара за економски кризи. Банките едноставно можат да печатат повеќе пари за покривање на нивниот национален долг, со што ги девалвираат своите валути. Но, биткоинот не функционира на таков начин, не може никој физички да влијае врз него.

биткоин 3


Кој ги направи/измисли?

Протоколот за Биткоин/Bitcoin и софтверот за управување бил наводно создаден од страна на лице или група на луѓе, познат како Сатоши Накамото / Satoshi Nakamoto. Но, кој или кои точно се тие, тоа прашање е отворено за дебата. Луѓето беа шокирани, кога Newsweek соопшти дека креаторот бил 64-годишниот електроинженер од Лос Анџелес, по име Доријан Сатоши Накамото (Dorian Satoshi Nakamoto), но Накамото/Nakamoto го негираше извештајот и рекол дека едвај знае што е Биткоин/Bitcoin.

Dorian Satoshi Nakamoto

Dorian Satoshi Nakamoto


Кои ги контролира Биткоинсот/Bitcoins?

Никој не е сопственик на мрежата на биткоин/Bitcoin, како што никој не е сопственик на технологијата зад мејл. Биткоин/Bitcoin е контролиран од страна на сите корисници, биткоин/Bitcoin е целиот свет. Додека, програмерите со подобрување на софтвер, не можат да изнудат промена во протоколот на биткоин/Bitcoin, бидејќи сите корисници се слободни да изберат каков софтвер и верзија ќе користат. Со цел, да останат компатибилни едни со други, сите корисници треба да користат софтвер кој одговара на истите правила. Биткоин/Bitcoin само може да работи правилно со целосен консензус меѓу сите корисници. Затоа, сите корисници и програмери имаат силен поттик за заштита на овој консензус.

биткоин банка


Како функционира Биткоин/Bitcoin?

Од гледна точка на корисникот, Биткоин/bitcoin е ништо повеќе од една мобилна апликација или компјутерска програма, која обезбедува лични пари, Биткоин/Bitcoin, и им овозможува на корисниците да праќаат и примаат Биткоинс/Bitcoins преку нив. Ова е начинот на кои биткоин/bitcoin работи за повеќето корисници. Зад сцената, мрежата на Биткоин/Bitcoin е споделување на јавната книга наречена „блок синџир/block chain“. Оваа книга ја содржи секоја трансакција некогаш обработена, дозволувајќи му на компјутерот на корисникот да ја провери валидноста на секоја трансакција. Автентичноста на секоја трансакција е заштитена со дигитални потписи и одговара на испратената адреса, дозволувајќи им на сите корисници да имаат целосна контрола над праќањето на Биткоинс/Bitcoins од сопствените Биткоин/Bitcoin адреси. Покрај тоа, секој може да изврши обработка на трансакциите со користење на компјутерската моќ со специјализиран хардвер, и да заработи награда во Биткоинс/Bitcoins за оваа услуга. Тоа често се нарекува „копање”, како што спомнав погоре.

биткоин апликација


Зошто се толку посебно добри Биткоинс/Bitcoins, и зошто толку монгу луѓе ги користат?

Ова е едноставно. Првата причина зошто многу луѓе почнаа да ги користат биткоинс е поради тоа што секоја трансакција направена со цел да ги продадете или да купите биткоинс, не се евидентира со личи податоци и е премногу тешко, дури блиску до невозможно, некој да дознае од каде/кој точно ги купил/продал тие биткоинс. Ова, многу популарно стана за илегалците кој продаваат дрога и оружје преку интернет, и други нелегални работи. Другата причина е, што никој не може да влијае врз нив, и нема никаква организација која ги контролира. И трето е, тоа што можете и вие да купите моќен компјутер кој што ќе биде способен да копа биткоинс, ова стана актуелно во Македонија помеѓу одредена група на луѓе во 2010-11-та, па се до 2013-14-та, и сега ретко можете да најдете кој сè уште „копа” биткоинс. Во 2013 година биткоинсот достигнаа до $1250 за една единица биткоин!


 

Видете ја моменталната вредност на Биткоинс/Bitcoins:

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...