Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Од што се направени мислите?


Што и да правите немој да мислите на слонови! Размислувајте за било што… коли, вода, плажа, сонце само немој да мислите на слонови. Во ред, да точно, не е толку лесно.

Го сакаме нашиот мозок, но всушност не сме толку добри во контролирање на нашите мисли, зошто е тоа така? Би било добро ако знаевме што всушност е мисла.

Тука има две можности, мислите или се дел од материјалниот свет како што се моделите на електрична енергија, генерирани од невроните во нашиот мозок. Или пак, не се дел од материјалниот свет и се како некоја космична свесност која се растега низ Универзумот, но е целосно неприметлива за науките.

Во ред, сега ќе се префрлиме на првата опција. Знаеме дека нашиот мозок е направен од неврони и дека тие неврони разменуваат електрилни сигнали меѓу себе (20-1,000 секоја секунда) и со отприлика 100 билиони неврони во еден типичен човечки мозок, тоа се многу активности. Но, поголемиот дел никогаш не ја достигнува површината за да станат свесна мисла, поголемиот дел од таа подсвесна активност е само мозокот кој се обидува да регистрира сè што се случува околу нас (импутите кој ги добива од светот). Ова е само суровита перцепција, пример како автоматското светло кое работи на сензори и се вклучува кога ќе влезете во просторијата.

Но, како е перцепцијата различна од мислата? Како за почеток, можеме да разлислуваме за нешта кои не се пред нас, пример, како нешто што сте јаделе пред еден саат, но исто така, можеме да размислуваме за работи кои не можеме да ги видиме директно, пример, како настанокот на црна дупка или интернетот и дури можеме да размислуваме за нешта кои воопшто не ни постојат, пример, како совршен круг.

Мислите произлегуваат и се задржуваат во нашиот мозок, но како? Краткиот одговор е дека не знаеме, но имаме идеи. Пример, некои истражувачи кој го истражувале мозокот на мајмуните порнашле групи на неврони кои работат заедно за да создадат координирани и комплексни електрични шеми/модели, кога овие шеми/модели ќе добијат доволно сила, тие се копираат и мозокот создава идентични копии од нив, но во друг дел од мозокот, овие копии можат да продолжат да се копираат, создавајќи лавина од понатамошна мозочна активност.

Но, што всушност се тие мисли? Шемите се комплексни и повторливи што значи дека тоа можеби е начин кој мозокот го користи за да формира и за да сочувува информации, но сè уште е прерано за да кажеме дека тие се всушност, материјалните бази на мислата или сосема нешто друго. Во било кој случај, бидејќи мислите се создаваат од мозочната активност и поголемата мозочна активност е потсвесна, би било логично зошто имаме лимитирана контрола врз тоа за што размислуваме и станува уште потешко кога некој ќе ни каже да не размислуваме за нешто. Некој дел од нашиот мозок мора да го регистрира тоа за што всушност НЕ треба да размислуваме, за да се осигура дека нема да размислуваме за тоа. И, исто така, како што е невозможно да не размислуваме за нешто кога ќе ни кажат да не размислуваме за тоа, можеби постојат и најразлични мисли за кои едноставно не можеме да размислуваме воопшто.

И можеби поради тоа некои од мистериите за Универзумот се сè уште предалеку за нашиот мозок да може да ги дофати, барем засега би можеле да го обвиниме мозокот.

Share this Story
  • Го сакаме нашиот мозок, но всушност не сме толку добри во контролирање на нашите мисли, зошто е тоа така? Би било добро ако знаевме што всушност е мисла.
    Едукативно

    Од што се направени мислите?

    Што и да правите немој да мислите на слонови! Размислувајте за било што… коли, вода, плажа, сонце само немој да мислите ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...