Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Научете што е HTML

Што е HTML?

HTML е компјутерски јазик осмислен за да се овозможи создавање на веб страни. Овие веб-страни, тогаш може да бидат гледани од страна на некој кој е поврзан на интернет. HTML е релативно лесен за да се научи и совлада, се што е потребно е да ги научите основните нешта за кој би ви било потребно само саат до два да ги совладате сите остновни работи. За времето кое ви е потребно да го научите HTML, тој може да биде доста моќен во тоа што ви овозможува да креирате. Тој, постојано се унапредува и упростува  со цел да се задоволат потребите и барањата на растечката интернет публика, под раководство на »W3C, организацијата одговорна за дизајнирање и одржување на јазикот.

Дефиницијата за HTML е HyperText Markup Language.

  • HyperText е методот со кој се движите меѓу страните на интернет (web) – со клукнување на посебен текст наречен хиперлинкови(hyperlink) кој ќе ве однесе на одредената или на следната страница. Со фактот дека тој е хипер, тоа значи дека тој не е линеарен – односно ќе може да оди на секое место од интернетот, секогаш кога ќе кликнете на линкот / хиперлинкот (hyperlink, најчесто тој е потцртан и е со различна боја и имате опција да го кликнете за разлика од останатиот текст, пример линкот кој го вметнав во текстот погоре е еден вид на hyperlink, “»W3C” re=”nofollow”) – исто така, нема распоред со кој се прави сето ова.

  • Markup/Селекција е она што HTML таговите го прават на текстот што е во нив. Тие го селектираат и го прават текстот да биде во одреден тип (на пример, bold текст).

  • HTML е јазик кој содржи кодови и синтакси како секој друг јазик.

Како функционира HTML

HTML се состои од серија на кратки кодови внесени во текстуална датотека од креаторот – тие се тие тагови/ознаки. Потоа, текстот е зачуван како HTML податок/file, и се гледа преку интернет пребарувачи, како што се Internet Explorer, Mozilla Firefox, Safari или Google Chrome. Овие прелистувачи го читаат фајлот и го преведуваат текстот во видлива форма, во форма во која креаторот ја направил страницата. Пишување на тагови коректно ќе ви овозможи да ја претставите вашата визија. Можете да го користите како едноставен и прост текстуален едитор, па се до комплициран и моќен графички уредник со цел да креирате HTML страна.


За што се користат таговите?

Таговите се тие кој го оделуваат нормалиниот текст од HTML кодот. Можеби ова ви е познато како зборовите помеѓу <стрелките>. Тие им овозможуваат на сите работи да му кажат на вашиот пребарувач што и како да прочитаат на страната. Различните тагови ќе доведат до различни функции. Таговите како тагови нема да се појават додека ја прелистувате веб страната преку веб пребарувачот, но нивниот ефект работи во позадина. Едноставен таг кој што не прави ништо друго освен што му дава одреден стил на текстот, пример bold кој изгледа вака:

<b>овие зборови ќе бидат во bold</b> а овие не

На вашиот екран ова би изгледало вака:

овие зборови ќе бидат во bold а овие не

Во примерот погоре таговите <b></b> беа завиткани околу одреден текст, и ефектот од тоа би било, дека тој одреден текст ќе биде напишан и вие ќе го гледате како bold тескт кога ќе ја прелистувате одредената страна преку вашиот веб пребарувач.


Повеќе тагови:
<!DOCTYPE html> – Ова му кажува на веб пребарувачот која верзија на HTML ја користите.

<html>…</html> – Основните тагови за да отворите и затворите некој HTML file.

<head></head> – Го почнува горниот дел од документот. Се што се наоѓа измегу овој таг му помага на веб пребарувачот да ја класифицира/кетегоризира страната.

<title>Page Title</title> – Се што се наоѓа помеѓу овие тагови ќе биде прикажано горе на табот од вашиот веб пребарувач.

<body>…</body> – Се што е видливо на страната се наоѓа измеѓу овој таг.

<h1>My First Heading</h1> – Ова ја означува големината на буквите, најчесто се користи за наслови.

<p>My first paragraph.</p> – Овој таг означува параграф.

<!– … –> – Коментар. Го оставате додека ја пишувате страната како потсетник за нешто, и ова нема да биде прикажано од веб пребарувачите.

<meta>…</meta> – Група на тагови кои даваат страници на информации, конкретно за пребарувачите.

<link>…</link> – Ви овозможува да ги поврзете постовите и омилените слики на вашата страница

Сите тагови


 

Еве пример од HTML file кој е напишан во Notepad. Но може да го куцате и во Notepad++, бидеќи е поедноставно и полесно поради некој опции кој Notepad++ ги нуди.

html primer 1

html пример 1

Откако ќе го напишете ова ќе го сочувате како HTML file / primer.html и кога ќе го отворите тоа со некој од вашите веб пребарувачи би изгледало вака.

html primer 2

html пример 2


Дали ќе ви треба долго за да научите HTML?

Прво, зависи од тоа што точно сакате да направите. Ќе ви треба само неколку денови за да почнете да го разбирате и да го читате јазикот/HTML. Дури ќе ви бидат потребни само неколку саати за да ги разгледате и да ги разберете основните работи. Кога ќе ги научите таговите тогаш ќе бидете способни да направите ваша HTML страна.

Но, користењето на HTML и дизајнирањето на убава страна е сосема друго. Дизајнирањето и правењето на добра веб страна е пола вештина, а пола талент. Учењето на вештини и правилното користење на таговите ќе ви ја подобри работата веднаш, и доброто познавање на генералниот дизајн и публиката која се обидувате да ја привлечете ќе ви ги подобри шансите за вашата страна да успее.


 

Дали секогаш треба да бидам конектиран на интернет за мојот сајт да работи?

Воопшто не! Еднаш кога ќе го напишете вашиот сајт користеќи HTML се што треба да направите е да го прикачите на интернет, најчесто луѓето кој имаат веб страни купуваат веб хостинг кој им овозможува нивниот сајт да е online 24/7. Исто така, обичниот веб хостинг е со некоја ниска цена која не би претставувала проблем за никого, но исто така има и провајдери кој нудат бесплатен веб хостинг, но на нив има премногу луѓе и воопшто не се сигурни.


Дали има нешто што HTML не може да го направи?

Се разбира, но бидеќи правењето на веб страна станува се по популарно се употребуваат и други помошни/придружни јазици за да се овозможи работа на нови функции, исто така HTML-от се изменува на секои неколку години со цел да се подобри.

Cascading Stylesheets (CSS) се користи за контрола на начинот на претставување на страницата во смисла да се направи страницата по достапна. Основните ефекти и интеракции се обезбедени од страна на JavaScript, кој додава многу моќ на основниот HTML. Поголемиот дел од ова е за напредни страници. Кога се користат сите овие јазици заедно, имате многу моќ на располагање.


Ако сте заинтересирани да научите нешто повеќе за HTML би ви препорачал да ја посетете странава и веднаш да почнете со практичниот дел, бидеќи така најлесно се учи.

Share this Story
  • Не се плаши! Далеку е од кодовите на матрикс! HTML
    Едукативно

    Научете што е HTML

    Што е HTML? HTML е компјутерски јазик осмислен за да се овозможи создавање на веб страни. Овие веб-страни, тогаш може да ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...