Responsive Leaderboard AD Area
Реалност

Кратка Македонска реалност…


  Mи се плаче. Ми се вреска. Ми се спие. И од болка ми се пие. Ми се пие до таа точка што сакам да заборавам која сум, како изгледам, да заборавам на сè. Нешто слично како и бебињата, тие плачат, врескаат, спијат, пијат, односно прават што сакаат. Тие дури не знаат како изгледаат, ниту што се. Ме разбирате ли?

 Сакам нов почеток. Па, дали е тоа возможно? И ако е, како? За тоа е потребно да се изумре, да те нема, и некаде повторно да се родиш. Некаде во друга подобра ситуација од онаа во која што си сега, со друг изглед, со друг карактер, но прашањето тука е дали пак тогаш ќе си го поставиме истово прашање, зошто секогаш ќе сме во потрага по нешто подобро, во потрага по недопирливото. Со гаранција можам да кажам дека секој Македонец помислил да почне одново. За некој е пресуров животов, за некој помалку. Македонскиов живот, искрено да збориме, нема совршенство, тука се живее од ден за ден. Стануваш од кошмарот, одиш на работа или кај и да одиш, се враќаш во твојот наводно „топол дом“, кој е полн со долгови, се нервираш, некој плаче, спиеш и на крај повторно го почнуваш истиот кошмар, со надеж дека ќе биде подобро. Едноставно, животот тука е монотон, депресивен, никој не се смее од желба, туку од потреба, никој повеќе не се гордее на тоа што го има, туку се гордее на тоа што неговиот син/ќерка отишол во туѓина да црнчи, притоа не размислувајќи кога ќе се врати дека повторно ќе биде по старо. Луѓево сонуваат за пари кои ќе изникнат или паднат од некаде за да им се покријат сите долгови. Нема Македонец кој нема кредит, кој не е задолжен по роднини, пријатели, за да го пробутка денот, да го прати неговото дете на факултет, за да не работи она што тој го работи, а да не зборуваме за фактот дека нема да најде работа иако завршил факултет. Нема Македонец кој не помислил или не отишол надвор од државава, да работи. Луѓево тука живеат со надеж. Како што напоменав, сакам нов почеток, нова страница, зашто не можам, исцрпувачки е да се живее бре луѓе, ако имам за цел денес да одлучам дали да живеам или пак да мислам за долговите.

 Сакам да го работам она за што сум учела, но сè уште не сум слушнала дека на некој таа желба му се изреализирала. Она чувство кога знаеш дека нема да најдеш работа, уште пред да го почнеш факултетот е најгадната и најголемата демотивација која може да постои. Или, ќе најдеш некоја работа со најниска плата, која мрзоволно ќе ја  работиш до крајот на животот или, ќе бидеш на таканаречената „ проба“, па ќе те шутнат како куче, нема трето. Од тука се гледа потребата да се почне одново, нов живот, нова страница…

-M

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Реалност

Facebook Comments

Check Also

Најстрашните култови во модерната историја

Некои од најзастрашувачките култови се толку познати што ...