Responsive Leaderboard AD Area
(18+)

Колку би ве чинело да платите атентатор?


Најмување на платен убиец никогаш не било полесно. Ниту, пак, купување на кокаин или хероин, или пак гледање на ужасна детска порнографија. Таквите работи се сега толку лесни за да се купат, што всушност можат да се направат од удобноста на вашиот дом со само еден клик на копче. А најважното нешто во овој случај е анонимноста којa и двете страни ја добиваат.

Овој загрижувачки развој на црниот пазар е благодарение на Deep Web – матрикс на шифрирани веб сајтови –  или исто така, познат како Тор. Оваа мрежа, им дозволува на луѓето да сурфаат под нормалиниот и секојдневен интернет кој го користиме сите (оној дел од интернетот кој што не се контролира), и најважно од сево ова е тоа дека го прават тоа со целосна анонимност.

Deep Web постои веќе повеќе од една деценија, но дојде во центарот на вниманието неодамна, откако полицијата конечно го бутна/исклучи познатиот сајт, кој го доминирасше Deep Web, Silk Road – онлајн пазарот наречен “eBay на дрога” –  целиот овој настан заврши со апсење на “сопственикот” на сајтот.

Но, експертите предупредуваат дека ова, не направи речиси ништо за да го запре приливот на ваквата недозволива онлајн размена, и веќе е пополнета дупката која полицијата ја оставила зад себе со затварање на Silk Road.

За оние кои бараат начин, да се ослободат од некого или од некоја тешка ситуација, се што треба да направат е да влезат во Deep Web – исто така, познат и како Dark Web –  и да изнајмат платен убиец за одредена цена.

Таму, тие се претставени со списоци на подготвени атентатори нудејќи им ги  своите услуги на секој кој ќе плати.

И, исто како на Silk Road, сите трансакции на Dark Web се прават користејќи ја мистериозната онлајн валута, Bitcoin. Еден сајт, чие име нема да го спомнам. Нуди атентати во САД или Канада за $10.000 и во Европа за $12.000.

“Не знам ништо за вас, не знаете ништо за мене”, пишува еден самопрогласен атентатор, според сликата подоле. “Посакуваната жртва ќе почине. Никој никогаш нема да знае зошто и кој го направил ова. На крајот, секогаш ќе дадам се од себе за да го направам да изгледа како несреќен случај или самоубиство. “

“Јас се стекнав со многу искуство во овие 7 години”, додава тој. “Тоа ме промени многу. Јас немам никаква емпатија за луѓето повеќе.”

“Тоа ме прави совршен професионалец, за да се грижам за вашите проблеми и тоа ме прави подобар од другите платени убијци. Ако ми платите доволно, јас ќе и направам СЕ на жртвата која ќе ја одберете. И, кога ќе кажам СЕ, тоа значи буквално СЕ”

атентатор


Многу од сајтовите употребуваат слогани и маркетинг техники, кои ако не беше до нивните грозни теми, би можеле да изгледаат како нормални интернет страници на легитимен веб-сајт.

“Најдоброто место за да се стават вашите проблеми е во гроб.” – Anonymous

Некои дури напаѓаат на различни начини, за да профитираат од убиствата, овозможувајќи им на корисниците да се обложуваат на жртвата, кога таа ќе умре. Корисниците ги собираат сите обложени пари и кој ќе биде најблиску, тој ги зима сите пари.

атентатор


И, иако повеќето изгледаат на ладнокрвни убијци, како и што им доликува, секогаш постои тој еден кој го прави тоа како хуманитарна цел, хуманитарна платен убиец – зошто да не.

“Убиството во повеќе случаеви е погрешно, да” пишува еден ,“Но, и покрај неизбежниот развој на технологијата, јас попрво би го правел со сопствени раце, отколку да го оставам тоа на некој друг. ”

“Со ниска понудена цена и точност во работата, се надевам дека неморални алтернативи нема да бидат доволно профитабилни или сигурни. Ова првенствено треба да биде сретство за одмазда.”

Додавајќи дека убиството, секогаш треба да се заснова на “добра причина”. Исто така, тој вели Лоши причини се, доктор, за вршење на абортус и Џастин Бибер за правење на досадна/лоша/глупа/ретардирана/ниско интелегентна/моронска, музика.”

атентатор

Share this Story
  • (18+)

    Колку би ве чинело да платите атентатор?

    Најмување на платен убиец никогаш не било полесно. Ниту, пак, купување на кокаин или хероин, или пак гледање на ужасна детска ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
  • (18+)

    Колку би ве чинело да платите атентатор?

    Најмување на платен убиец никогаш не било полесно. Ниту, пак, купување на кокаин или хероин, или пак гледање на ужасна детска ...
Load More In (18+)

Facebook Comments