Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Како би изгледале луѓето за 1.000+ години?


Пред околу 10.000 години, луѓето еволуирале со толеранција на кравјо млеко; во текот на изминатите 150 години, додадовме 10 сантиметри на просекот на нашата висина; и во текот на изминатите 65 години, додадовме 20 години на просечниот животен век, најмногу благодарение на напредокот во науката. Ние еволуиравме толку многу, во неверојатно краток временски период, но можете ли да предвидете каде ќе стигнеме за 1.000 години?

Најпрво, ние луѓето имаме причина за да бидеме такви какви што сме – нашите мозоци се толку моќни, дури и најнапредните компјутерски системи не можат да им се приближат. Всушност, минатата година истражувачите го користеле супер компјутерот K во Јапонија – еден од најмоќните компјутери во светот – за да ја симулираат човековата мозочна активност, и за тој процес биле потребни 705.024 процесорни јадра, 1,4 милиони GB RAM меморија, и 40 минути, за да го обработи истиот износ на обработени податоци од 1 секунда на мозочната активност. Но, не значи дека ние секогаш ќе имаме предност над машините што ги создаваме.

Научниците предвидуваат дека во иднина, компјутерите, не само што ќе ја достигнат брзина на човечкиот мозок, ние исто така, ќе развиеме вештачка интелигенција која ќе зборува, социјализира, слуша, и ќе се сеќава. Но, да се надеваме дека нема да ги искористат сите тие способности и информации и да се свртат против нас…

И, како што компјутерите се претвараат и изгледаат се по човечки, така и луѓето ќе станат по поврзани со роботи. Во иднина, научниците предвидуваат дека ќе имаме мали роботи наречени nanobots кои ќе пливаат околу нашите тела и ќе ги зајакнат нашите способности. Познато како transhumanism, ова ќе ни помогне во ограничувањата кои ги имаме поради нашата биологија и можност да размислуваме за нештата кои се невозможни.

И тоа не се само нашите сопствени тела кои технологијата ќе има потенцијал да целосно ги промени. Како и видеото што посочува, “нови облаци” на микроскопски роботи кои ќе можат да се претворат во целосни згради многу лесно и исто така, да се разделат без никаков проблем. “Замислете ја вашата куќа како се расклопува додека сте на работа, така што просторот ќе може да се користи за нешто друго”, вели AsapSCIENCE.

Во следните 1.000 години, износот на јазици кои ќе се зборуваат на планетата, се предвидува дека драстично ќе се намали, а сета таа дополнителна топлина и УВ зрачење, може да ни помогне во еволуција на нашата кожа, сите би имале потемен тен. И сите ние ќе станеме повисоки и по потенки, ако сакаме да преживееме.

Зошто е тоа така?

Јас би ви препорачал да ги погледнете видеата подоле, со цел да ви стане целава ситуација малку појасна, се надвам дека разбирате доволно англиски за да може да ги разберете видеата без никаков проблем.


 

Луѓето за 1000 години:

[xyz-ihs snippet=”hu1″]

 

Човекот кој може да јаде стакло и метали:

[xyz-ihs snippet=”hu2″]

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...