Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

5 интересни работи за иднината на оружјата


Производството на оружје е гранка на индустријата која најбрзо се развива. Нормално, понудата ја прати побарувачката, а на луѓето никогаш не им е доста од убивање. Со какви оружја наскоро ќе се убиваме? Еве што предвидуваат стручњаците.


Автономни оружја

Овој израз ги опфаќа роботизираните возила во развој кои сами трагаат по непријателски трупи и опрема на земјата и во воздух и ги уништуваат без ризик по сопствените трупи (теоретски).

Како работат: компјутерот во возилото ги забележува и анализира сензорските податоци за да ги идентификува непријателските сили и бара дозвола од контролорите за стрелба. Пријателските сили носат опрема со која возилото ги идентификува како пријателски (за да не наебат по грешка).

Ограничувања: потешкотии со брзо и точно разликување на непријателски, неутрални и пријателски сили, како и цивилни објекти, животни, дрва и други поголеми објекти. Замислете роботи со дефект кои пукаат на се околу себе.


Високоенергетски ласери

Ова се моќни енергетски зраци кои патуваат праволиниски низ воздухот. Се движат со брзина на светлината и во состојба се да погодат мета на растојание од неколку илјади километри.

Како работат: големи огледала фокусираат моќни ласерски зраци на мала точка на метата. Жештината која се произведува ја гори површината на метата.

Ограничувања: за функционирање е потребно многу енергија. Моќните ласери бараат гориво или електронско напојување и се премногу големи. Патувањето низ воздухот и турбуленцијата можат да ја расејат и намалат енергијата на зракот.


Оружја лоцирани во вселената

Вселената е простор кој е совршен за набљудување на случувањата на површината, па оружјата сместени во земјината орбита би биле способни да лоцираат и уништат било која мета на земјата, во воздух или во вселенската околина.

Како работат: нивната основна мисија би била одбрана од балистички ракети испалени на мети на Земјата. Флоти од пресретнувачи би биле сместени во орбитата, оспособени да пукаат на противнички ракети.

Ограничувања: технологијата сеуште не е зрела. Времето на реакција мора да биде многу кратко. Пресретнувачите мораат да погодат проектили, што е многу тешко, а на ласерите им е потребно гориво или електрично напојување, што во вселената е тешко да се обезбеди.


Хиперцонични летала

Лансирани од стандардни писти, овие летала би можеле да достигнат брзина од 5 маха и да нападнат било кој дел од планетата за 2 часа.

Како работат: за да се подигнат од површината, леталата мораат да се послужат со мотор на конвенционален авион или млазен мотор. Моторот би го довел леталото на висина на која густината и отпорот на воздухот се помали, а на оваа висина би достигнале хиперсонична брзина и би се префрлиле на напојување од посебен мотор кој го собира околниот воздух и го меша со горивото согорувајќи го со голема брзина.

Ограничувања: технологијата е сеуште незрела и има многу нерешени инженерски прашања. Специјалните мотори на можат да се активираат додека авионот не ја достигне брзината на звукот. Хиперсоничните летови досега се демонстрирани само на мали, беспилотни летала.


Микробранови (милиметар-бранови) оружја

Микробрановите зраци наводно го тераат непријателот во бегство без конкретна физичка повреда. Би се применувале во ситуации кога е потребно да се контролираат нереди, бидејќи оружјето не зафаќа многу простор и може да се напојува со генератор сместен во возило.

Како работат: двометарска антена и мобилен генератор произведуваат и насочуваат зрак од 95 гигахерци (3мм) зрачење. Површинскиот слој на кожата од о,3 мм апсорбира милиметарски бранови, предизвикувајќи интензивна и краткотрајна болка, што ќе ги тера луѓето на бегство.

Ограничувања: можни се и сериозни повреди доколку луѓето не се во ситуација да се оддалечат брзо. Кожата почнува да гори во рок од неколку минути, а зраците ги прегрејуваат и металните објекти (парички, обетки, рамки од наочари), кои дополнително можат да предизвикаат изгореници на кожата.

Share this Story
  • oruzje od idninata
    Едукативно

    5 интересни работи за иднината на оружјата

    Производството на оружје е гранка на индустријата која најбрзо се развива. Нормално, понудата ја прати побарувачката, а на луѓето никогаш не ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...