Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што се: bots и botnets – – растечка сила!


Ботовите се едни од најсофистицираните и најупотребуваните алатки во компјутерскиот криминал денеска. Тие му дозволуваат на хакерот да завземе контрола врз многу компјутери во исто време и да ги претвори во „ зомбиња”, кои стануваат дел од моќна мрежа на ботови (ботнет/botnet) со цел да шират вируси, да спамуваат и да вршат други видови на online криминал и измами.


Што е бот?

Бот  е еден вид на малициозен софтвер кој му овозможува на напаѓачот да ја преземе контролата над заразените компјутери. Исто така, познати како “Веб роботи”, ботовите обично се дел од мрежата на заразени машини, позната и како “ботнет”, која најчесто е составена од заразени компјутери и машини кои се распостранети низ целиот свет.

Бидејќи, компјутерите кои се заразени со ботови сè уште работат под команда на сопственикот, многу луѓе ги нарекуваат овие компјутери/машини „ зомбиња“. Луѓето или криминалците кои ги контролираат овие
ботови/„зомбиња”, најчесто ги нарекуваат боттери или ботмастери.

Некои мрежи на ботови (ботнет/botnests) можат да имаат неколку стотици или неколку илјади компјутери „зомбиња”, но некои дури имаат стотици илјади, па дури и милиони заразени компјутери што се под нивна контрола.


<Како функционираат ботовите>

Ботовите можат да го заразат компјутерот на жртвата на многу начини. Ботовите, најчесто се шират преку интернет мрежите барајќи ранливи и незаштитени компјутери кои можат да ги заразат. Кога ќе најдат некој изложен компјутер кој нема никаква заштита, тие брзо наоѓаат начин да влезат и во рок од неколку секунди го заразуваат целиот компјутер/систем. Кога ќе завршат со тој процес тие праќаат извештај назад до нивниот сопственик, и му укажуваат дека успешно ја заразиле машината. Нивната цел е да останат неприметени и скриени се додека сопственикот не им даде некоја задача.

Откако еден компјутер ќе биде превземен од страна на бот, истиот може да биде искористен за различни автоматизирани задачи, како што се:

Sending / Праќање:

Тие праќаат:

  • Spam / спам
  • Viruses / вируси
  • Spyware / шпиунски софтвери

Stealing / Крадење:

Тие, крадат персонални и приватни информации и ги праќаат назад до напаѓачот:

  • Броеви од кредитни картички
  • Банкарски ингеренции
  • И останати лични информации

DoS (Denial of Service) напади:

  • Лансирање на DoS (denial of service) напади против одредена цел. Сајбер криминалците, изнудуваат пари од сопственици на веб-страници, во замена за враќање на контролата врз нивните компромитирани сајтови.
  • Но, исто така, системите на секојдневните корисници се цел на ваквите напади – од лична забава на хакерите.

Clickfraud / клик-измама:

  • Измамниците, користат ботови со цел да ја зголемат добивката од веб рекламирањето со автоматско кликање на интернет реклами.

<|Како да се заштитите од ботови|>

За да се заштитие од штетни ботови кој би можеле да ви го повредат компјутерот или да ви ја нарушат приватноста, ви препорачуваме да ги направите следниве работи:

  • Инсталирајте највисоко оценет безбедностen софтвер (како што e Norton 360) и Norton Internet Security.
  • Наместете/конфигурирајте да вашиот софтвер/оперативен систем се ажурира/update автоматски.
  • Зголемување на безбедносните мерки на вашиот веб/интернет пребарувач.
  • Ограничување на вашите кориснички права кога се online.
  • Никогаш не кликајте на додатоци/attachments, освен ако не сте сигурни дека тоа е доверлив извор.
  • Проверете дали вашиот оперативен систем е најнов/up to date.
  • Наместете/подесете го вашиот безбедносен систем автоматски да се ажурира/update, за да бидете сигурни дека секогаш ќе ја имате најновата верзија.

 

Share this Story
  • Ботовите се едни од најсофистицираните и најупотребуванте типови во компјутерскиот криминал денеска
    Едукативно

    Што се: bots и botnets – – растечка сила!

    Ботовите се едни од најсофистицираните и најупотребуваните алатки во компјутерскиот криминал денеска. Тие му дозволуваат на хакерот да завземе контрола врз многу ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...