Responsive Leaderboard AD Area
Реалност

Ова е Причината Зашто Човекот е Најуспешното Животно на Планетата.


Вдишуваме корозивни гасови и пиеме токсични течности.

Нашиот правобитен метод за ловење бил методот на упорност, што значи сме го следеле и бркале нашиот плен се додека не се измори и самиот умре. Исто така, можеме да јадеме и да преживееме на речиси се, што значи дека не сме имале никаква потреба да застанеме за храна додека сме си “поигрувале” со нашиот плен. Ако не сме биле во можност да најдеме храна, тоа не бил никаков проблем. Нашето тело едноставно се јаде самото себеси што значи пак сме немале никаква потреба да застанеме и да бараме храна додека сме го бркале пленот.

Одиме исправено, се потиме и немаме многу влакна што ни овозможува да го одржуваме телото на одредена температура. Ова значи дека, претопло или преладно (екстремните услови) не би не спречиле во нашиот лов. Ако, животното се обиде да се одбрани, ние можеме да претрпиме големи повреди врз нашите екстремитети и да изгубиме половина од нашата крв а, да останеме сеуште живи.

PNG Fun (533 of 551)

Целото наше постоење се должи на упорноста, издржливоста и решителноста која ја имаме. Кога ќе си зацртаме некоја задача, ние правиме се за да ја завршиме и точка. И тоа сеуште влијaе во нашиот живот и ќе продолжи да влијае понатаму, проблемот е во тоа што многу луѓе стануваат мрзливи и се задоволуваат со премногу малку…

332та година пред нашата ера – Александар Македонски се наоѓа во ќорсокак пред градот Тир. Наместо, да се повлече и да се врати тој изградил мост (насип) долг 1 километар и успеал да влезе и да го покори целиот град.

49та година пред нашата ера – Цезар, по победата на Галите и освојувањето на Велика Британија, ја претвора политичката борба во граѓанска војна со само една цел, инвазијата врз Италија. После тоа Цезар станува еден од најмоќните диктатори и најголемата веле сила во тој период. Ќе изгради и ќе произведе работи кој до неодамна не сме можеле да ги разбереме како функционираат.

1804 година – Харизматичниот Француски генерал (Наполеон) се прогласил за цар и тргнува во освојувачки поход на Европа и успева да заземе голем дел од централна Европа. Тој е заробен, прогонет, но по некое време бега. Војниците кои биле испратени да го најдат и вратат, наместо да го направат тоа тие го положиле оружјето пред Наполеон и му се придружиле.

1961 година – Еден човек одлучува дека ние ќе одиме на Месечината, иако голем дел од технологијата за да се изведе  тоа сеуште не постоела. Само осум години подоцна, двајца застанале на површината на Месечината и погледнале назад кон Земјата.

Пред 200 години, немавме железнички пруги. Пред 100 години, немавме авиони. Пред 50 години, немавме вселенски летала. Пред 25 години немавме интернет. Ние веќе ја населивме Земјата, а наскоро ќе ѓи населиме и ѕвездитие, и тоа е факт! 

И ако некој или нешто ни попречи во тоа ќе биде елиминиран на ваков или на таков начин.


Еве нешто повеќе за методот на упорност, погледнете:

[xyz-ihs snippet=”a1″]
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Реалност

Facebook Comments

Check Also

Најстрашните култови во модерната историја

Некои од најзастрашувачките култови се толку познати што ...