Responsive Leaderboard AD Area
Реалност

Мотивација: И малите нешта се битни!

Мотивацијата е желба да се направи нешто. Тоа е разликата помеѓу оние кои се подготвени да се разбудат и оние кој целиот своj живот го преспиваат. Ја претставува причината за нашето постоење и не гради како личност.

Мотивацијата е нешто што на секого му е потребна, без неа, работите кој ги правиме се незамисливо тешки и немаат никакво значење. На секого му е потребно одредено количество на мотивација за да продолжи да го прави она што го започнал, или пак да почне да го прави тоа што треба и тоа што го посакува. За секоја работа е потребно одредено ниво на мотивација. Со тоа доаѓаме до заклучок дека се мотивираме со единствената помисла дека нешто треба да постигнеме. Но, да останеме мотивирани не е едноставно. Со текот на времето станува се потешко и потешко. Причината зошто сите кои се обидуваат да направат нешто но не им успева и се откажуваат е во тоа што немаат доволно мотивација. За да останеме мотивирани едноставно треба да си поставуваме некои мали цели во животот кои не би ни одзеле многу време да ги достигнеме и кои нема да се премногу тешки за да ни претставуваат проблем. Исто така, најважно е никогаш да не ја заборавиме едната и единствена главна цел, кој секој ја има во својот живот. Сигурен сум дека ова веќе го знаете, бидејќи или веќе негде сте прочитале нешто слично на ова или размислувајќи, самите сте дошле до заклучок. Проблемот е во тоа што сите го знаеме ова, но ретко кои од нас го практикува и кој си поставува мали цели во животот за да остане мотивиран, без разлика какви и да се целите. Дали тоа е да постигнете некое одредено ниво во некоја игра за да бидете појаки од другите, или пак да заработите одредена сума на пари за да си купите нешто. Чуството кое ќе го имате кога ќе ја достигнете целта е исто, без разлика на тоа што е всушност целта. Тоа е едноставно допаминот…

Има цел зад се што правиме, и ако немаме мотивација да не води, ние многу лесно ќе се откажеме. Сепак, сфаќајќи дека секоја неостварена цел ќе предизвика каење, еден може да остане уверен во тоа дека ќе успее.

Share this Story
  • Мотивацијата е желба да се направи нешто. Тоа е разликата помеѓу оние кои се подготвени да се разбудат и оние кој целиот свои живот го преспиваат. Ја претставува причината за нашето постоење и не гради како личност.
    Реалност

    Мотивација: И малите нешта се битни!

    Мотивацијата е желба да се направи нешто. Тоа е разликата помеѓу оние кои се подготвени да се разбудат и оние кој ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Реалност

Facebook Comments

Check Also

Најстрашните култови во модерната историја

Некои од најзастрашувачките култови се толку познати што ...